Почина затвореник од случајот „Алфа“

Почина Реџаил Ќерими осуден на доживотен затвор во случајот „Алфа“. Околностите на смртта сè уште не се официјално утврдени, но според извори на Алсат во ќелијата каде што Ќерими ја издржувал затворската казна, се дознава дека изгубил свест во затворската бања каде при падот се здобил и со телесни повреди. Првите сомнежи се дека станува збор за мозочен удар. Во текот на денот се пожалил за главоболки, но по посетата на затворската клиника им рекол на другите дека се чувствува добро. Подоцна повторно состојбата му се влошила, била алармирана амбулантата на затворот. Со комбе на затворската полиција тргнале кон најблиската болница, но по пат било утврдено дека е починат. Смртта ја констатирала екипа на Брзата помош со која се сретнале патем. Од затворот Идризово, повикувајќи се на лекарскиот извештај, соопштуваат дека Брзата помош се обидела да го реанимира, но безуспешно.

– Advertisements –


YouTube video

„Во 00:10 минути е констатирана смртта на затвореникот Реџаил Ќерими. Од проверката на документацијата произлегува дека не боледувал од никакво хронично заболување.“

По барање на членовите на семејството не била дозволена обдукција. Неговиот брат вели дека недовербата во институциите за спроведување на законот ги спречила да дозволат форензичко вештачење.

„Не прифативме затоа што знаеме дека неправедно беше затворен 14 години и како да веруваме во обдукција кога човекот е неправедно затворен 14 години, кога имаше 100 факти и аргументи дека осудените се невини, го влечеа случај 14 години, се исмеваа со затворениците, со нивните семејства, но и со сите државни институции само за одредени политички цели.“

Реџаил не се жалел на здравствени проблеми.

„Околу 12 часот навечер ги контактирал браќата и сопругата. 10:15 бил добар, а во 12:20 ме известија дека не е добро.“

Погребот на Реџаил е утре. Братот имаше и порака.

„Проклети да се тие што ги монтираа и ги оставија во затвор 14 години без вина.“

Adrian Kerimi

më të fundit

MARKETING

- Advertisement -Newspaper WordPress Theme

më shumë

- Advertisement -Newspaper WordPress Theme